5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка смета дека постои можност за формирање банка на БРИКС

Светска банка смета дека постои можност за формирање банка на БРИКС

basu-brics

Главниот економист на Светска банка (СБ) Каушик Басу, изјави дека постои простор за нова кредитна институција, која како идеја ја разгледуваат државите од БРИКС, предупредувајќи дека формирањето на таква институција ќе претставува сериозна задача.

– Постои потреба за таква банка, но процесот за нејзино придвижување е огромна задача, истакна Басу.

Се очекува земјите од БРИКС да ги договорат деталите за основање развојна банка на самитот што ќе се одржи на 26 и 27 март во Република Јужна Африка.

Минатиот месец, еден јужноафрикански дипломат соопшти дека Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка се блиску до постигнување договор за создавање банка, нагласувајќи дека цифрата од 50 милијарди долари пратставува инвестиција за која можат да се согласат сите членки.

Најголемата африканска економија, Јужна Африка, е најмала држава од БРИКС, ако се земе предвид населението и бруто домашниот производ, која во оваа група земји се приклучи во 2011 година.

Басу ја пофали јужноафриканската економија, нагласувајќи дека се поставила над проблемите на мешовитото население, но и предупредувајќи дека пред оваа држава се уште постои долг пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП