5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа прв пат намалена испораката на таблети

За прв пат намалена испораката на таблети

p tableti

Oткога започна да се мери, а тоа би значело од 2010-та година, светскиот пазар на таблети е во постојан пораст, и така беше се до крајот на 2014-та година.

Меѓутоа, последниот квартал од минатата година означи пресвртница во овој тренд, па „IDC“ за прв пат забележа пад во испораката на таблети во споредба со истиот период од 2013-та година.

Во споменатиот период од минатата година, глобалната испорака на таблети забележа пад за 3.2%. Предводници на тој пад се и водечките производители, „Apple“ и „Samsung“, кои забележаа за 17.8%, односно 18.4%, помали количини на таблети пласирани на пазарите.

Пад забележаа и „Asus“ (-24,9%) и „Amazon“ (-69,9%), додека само еден производител во првите пет забележа раст во испораките. Тоа е „Lenovo“, кој во споменатиот период испорача 9.1% повеќе таблети, отколку една година претходно.

Покрај падот во последниот квартал, испораките на таблети на годишна основа пораснале за 4.4%, па во изминатата година биле испорачани 229.6 милиони уреди, заклучува „IDC“.

„Apple“ и натаму е водечки производител, а го следат „Samusung“, „Asus“, „Lenovo“ и „Amazon“.

p tableti 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП