16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple продаде обврзници од 6.5 милијарди долари, иако има 178 милијарди во...

Apple продаде обврзници од 6.5 милијарди долари, иако има 178 милијарди во кеш

aple bild

Вчера компанијата „Apple“ има пласирано обврзници во вредност од  6.5 милијарди долари, според податоците на „Bloomberg“.

Ова е истата компанија „Apple“, која минатата недела објави рекордна добивка од 18 милијарди долари за претходниот квартал. Сосема логично е човек да се запраша зошто „Apple“ – компанија која располага со 178 милијарди долари кеш, има потреба од кредит?

Одговорот накратко е „даноци“! Поголем дел од кешот на „Apple“ се наоѓа надвор од САД. Компанијата може да го одложи плаќањето на даноци на овие средства, додека не одлучи да ги врати назад во САД. „Apple“ сепак не сака да врати никакви пари во САД.

Компанијата може да се плати до 35% данок на износот што ќе одлучи да го врати во САД, што значи дека овој данок лесно може да достигне и неколку милијарди долари. „Apple“ инсистира за „даночен одмор“ за враќање на средства во САД – нешто што беше предложено неодамна од државните сенатори Барбара Боксер и Ранд Пол. Според предлогот на Боксер-Пол, „Apple“ ќе плати 6.5% данок за средствата кои евентуално ќе бидат вратени во САД, што е многу помалку во споредба со сегашната даночна стапка. Изгледите за планот на Боксер-Пол, сепак не се добри.

Орин Хач, кој е претседател на финансиската комисија во Сенатот, веќе изрази скептицизам во врска со предлогот, а законот дури уште не е претставен.

Во исто време „Apple“ се уште има потреба од кеш во САД. Селектираната продажба на обврзници од 6.5 милијарди долари ќе одат за откуп на акции, исплата на дивиденда и обврски, според „Bloomberg“.

Во позадина на високиот данок на добивка и ниските камати, за „Apple“ е многу полесно да ги продаде обврзници и да исплати камата отколку да враќа пари во САД. Освен ако во САД не се направи некоја реформа во однос на корпоративниот данок, „Apple“ најверојатно ќе продолжи и во иднина да држи пари во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП