Што велите за авионски лет од 20.000 долари? Компанијата „Etihad Airways“ наплатува толку за лет во авионот А380 со приватна спална соба и сите останати луксузни детали, кои не може баш секој да си ги дозволи.

Три спални соби се сместени на 125 квадратни метри. Приватниот апартман кој е дизајниран за две лица има бања со туш кабина и спална соба со египетска постелнина од памук. Во авионот е и дневната соба и двете трпезарии, разладениот минибар и 32-инчниот ТВ со рамен екран. Оние кои ќе се одлучат да патуваат со овој авион, на располагање ќе ги имаат и услугите од љубезниот бателер кој е обучен во Savoy во Лондон.

Бизнисменот Џино Бертучио имаше прилика да ужива во летот и тој изјави „Мојата единствена желба беше летот да трае што подолго, не сакав да излезам“.

Ова искуство е достапно за само 20.000 долари и тоа во еден правец, а другите луксузни погодности можете да ги погледнете во видеото…