Кончено е познат датумот кога „Samsung“ ќе го претстави својот нов премиум телефон.
Тој ден е 1-ви март оваа година, кога во склоп на „Mobile World Congress“ во Барселона оваа компанија ќе го одржи својот веќе традиционален „Unpacked“ настан.
Поканите за конференцијата за медиумите „Galaxy Unpacked 2015“ се испратени денес, а на нив не се открива премногу. Видлива е само тенка линија во форма на буквата „S“, која може да покаже искривеност на уредот кој ќе биде претставен. Текстот го содржи само прашањето „Што е следно?“.
„Galaxy S6“ би можел да значи пресвртница за „Samsung“, затоа што раководството на компанијата токму од овој уред очекува да ја зголеми продажбата и да го врати мобилниот оддел на „Samsung“ на старите патеки на слава и, можеби и најважно, профитабилност,
За очекуваните карактеристики за новиот премиум телефон на „Samsung“ имавте можност многупати да прочитате на нашата интернет страна, но сепак на 1-ви март ќе биде познато што точно ќе има во понудата на овој смартфон.