19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКварталниот профит на Exxon Mobil се намали за 21 процент

Кварталниот профит на Exxon Mobil се намали за 21 процент

exxon-mobil-earnings-2.gi.top

Мултинационалната нафтена компанија „Exxon Mobil“ во четвртиот квартал минатата година, забележа пад на профитот од 21 проценти, како резултат на падот на цените на нафтата на светскиот пазар.

Оваа американската компанија, најзначајна во секторот за нафта на глобално ниво, во извештајниот квартал оствари профит од 6,57 милијарди долари (5,81 милијарди евра), додека во истиот период една година претходно тој изнесуваше 8,35 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

Производството на нафта и природен гас се намали за 3,8 проценти, се додава во соопштението.

За цела 2014 година профитот на „Exxon Mobil“ практично бил стабилен односно 32,5 милијарди долари, во однос на 32,6 милијарди во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП