8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска размислува за повторно воведување „данок на шундот“

Хрватска размислува за повторно воведување „данок на шундот“

hrvatska-danok

Хрватското Министерство за финансии се одлучи на нов потег, а тоа е враќање на данокот на шунд, пишува загребскиот весник „Јутарњи лист“, наведувајќи дека за сериозната музика ДДВ-то би било пет отсто, а за рокот и фестивалите дури 25 проценти.

Пред членството на земјата во ЕУ, нулта стапката на ДДВ, која важеше за книгите и театарските и кино билети „заминува во историјата“, наведува весникот, укажувајќи дека веќе се знае дека за книгите ќе се применуваат привилегирани стапки на ДДВ од пет отсто.

Владата овие денови треба да одлучи и за привилегираната стапка на ДДВ на театарските, кино, музејските и концертните билети, односно за четири категории влезници кои во повеќето земји од Унијата се обединети во една категорија – „билети за културни настани“.

Независно од тоа за какви претстави, филмови или концерти станува збор, тие имаат иста стапка на ДДВ, најчесто привилегирана, потсетува „Јутарњи лист“, давајќи ги како пример Словенија со 8,5 отсто, Австрија и Италија со стапка од 10 проценти, Полска и Шпанија со осум отсто, Шведска и Холандија со шест проценти.

Исклучок од ваквата пракса е Велика Британија, каде нема привилегирана стапка на ДДВ-то за ниту еден културен настан.

Во предлогот хрватското Министерство се раководело според позитивната пракса, а и Министерството за култура дало препорака стапката на ДДВ-то на влезниците за сите културни случувања да изнесува пет отсто.

Со ваквиот став, укажува весникот, Министерството за финансии како повторно да го воведува социјалистичкиот „данок на шундот“, според чии одредби произледува дека дури и најлошите филмови на Жан Клод ван Дам, на пример, или најлошата театарска пиеса претставуваат уметност и култура, а концертите на Бијонсе, Роби Вилијамс или домашната група „Ладно пиво“ не.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП