2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle Earth Pro станува бесплатен

Google Earth Pro станува бесплатен

gogle pro erat

„Google Earth Pro“ веќе се дистрибуира бесплатно, објави интернет гигантот. Досега проширената верзија на популарната апликација за виртуелно патувања чинеше 399 долари годишно.

Компанијата не дава причина за својата одлука. Таа наведува дека сака да им овозможи на повеќе луѓе да имаат корист од целосните карактеристики на „Google Earth Pro“.

За да ја добијат оваа услуга корисниците треба да го посетат овој линк и да се регистрираат. Иако на него пишува „Free Trial“ (бесплатен пробен период), тоа се чини е необновен текст од страна на „Google“. Според технолошкиот блог „TechCrunch“ слободната лиценца е всушност на неопределено време.

Тогаш корисникот треба да ја повлече верзијата на „Google Earth Pro“ и да го воведе добиениот сериски број. Како резултат на тоа апликацијата ќе е достапна со сите свои можности.

Меѓу нив е можност за преглед на снимени адреси, снимање на „HD“ видео на случувањата на екранот, повеќе можности за мерење на области и дистанци. На располагање е и функција за печатење на слики со резолуција 4800х32000 пиксели, во однос на 1000х1000 пиксели за обичната верзија на „Google Earth“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП