5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Amazon е над очекувањата

Добивката на Amazon е над очекувањата

amass

„Amazon“ во последниот квартал од минатата година оствари добивка значително поголема од очекувањата на аналитичарите.

Вкупниот промет на компанијата беше 29.33 милијарди долари, што е за 15% повеќе отколку во истиот период од пред една година. Добивката во исто време падна од 239 на 214 милиони долари, но и тоа е значително подобро од очекувањата. Имено, „Amazon“ во претходните два квартали работеше со загуба, поради тоа објавувањето на позитивните резлутати од работењето на акциите на компанијата, вредноста порасна за повеќе од 13%.

Во „Amazon“ посебно истакнуваат за порастот на бројот на претплатници на нивната услуга „Prime“ за повеќе од 50% во однос на една година претходно и покрај зголемувањето на претплатата од 79 на 99 долари. Исто така се наведува дека нивната услуга во „облак“, „Amazon Web Services“, има повеќе од милион корисници.

За тековниот квартал во „Amazon“ најавуваат промет меѓу 20.9 и 22.9 милијарди долари, што е 6 дo 16% повеќе отколку една година претходно. Оперативниот приход би требало да забележи загуба од 450 милиони долари и 50 милиони долари добивка, додека една година претходно компанијата работеше со добивка од 146 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП