21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСпецификации и фотографија од 12.9-инчниот таблет Apple iPad Plus

Спецификации и фотографија од 12.9-инчниот таблет Apple iPad Plus

plus ipad 3

Според најновите информации кои се појавија на кинеската друштвена мрежа „Weibo“, „Apple“ својот голем таблет ќе го нарече „Apple iPad Plus“.

Ова секако делува во склад со шемата за именување, почнувајќи од фаблетот „iPhone 6 Plus“, а истиот извор ги објави и спецификациите на овој уред.

Па така, „Apple iPad Plus“ ќе го карактеризира 12.9-инчен екран со „2K“ резолуција. Таблетот ќе им дебелина од 7 mm и маса од 600 грама, во споредба со 9.7-инчниот модел чија дебелина е 6.1 mm, а масата изнесува 437 грама.

Се очекува таблетот да пристигне со батерија од 11000mAh, што е за 50 проценти посила од онаа која се користи во моменталната линија на таблети.

Исто така се порачува дека „Apple“ е подготвен за замена за таблетот „Apple iPad mini 3“ во вид на моделот „Apple iPad mini 4“, но ќе го задржи „Apple iPad mini 2“ како евтина алтернатива. Засега нема информации кога сето ова би можело да биде објавено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП