28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКапитол Резиденс- Резиденцијален и деловен простор со многу хармонија, светлина и топлина

Капитол Резиденс- Резиденцијален и деловен простор со многу хармонија, светлина и топлина

ased

Местото каде го поминуваме најголемиот дел од своето време, независно дали е тоа деловниот простор или домот, треба да биде исполнето со хармонија, многу светлина и топлина.

Тоа треба да биде место каде ќе сакаме да престојуваме, некого да поканиме, да бидеме горди на нашиот избор. Токму таков, домаќински, создаден со многу љубов, не штедејќи на материјали при изградбата особено кога  е во прашање стабилноста и безбедноста на објектот, креиран по европски терк, уште веднаш штом ќе влезете во комплексот„Капитол Мол&Резиденс“ ќе ја почувствувате позитивната енергија на просторот и на ентериерот.

catri

Лоциран во скопската населба  Аеродром, овој комплекс нуди ексклузивен деловен простор и станови, и за оние кои ќе се решат да купат деловен простор или стан обезбедува совршени услови, правејќи го најдоброто место за работа и живеење, за поминување на драгоценото време. Место кое одговара на брзиот начин на живот, овозможувајќи концентрација на сите дејности и функции на едно место.

Постои беспрекорна  звучна и топлотна изолација, а материјалите кои се употребени за ѕидовите се од највисок квалитет и тоа: YTONG и KNAUF со нивни помошни матерјали. Посебно внимание е посветено на термиката на самите станови. Ѕидовите се изведени од ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада со камена волна од производителот КНАУФ (д-8 см) преку која е поставена квалитетна завршна обработка на фасадата. Како дополна на квалитетните ѕидови во сите простории поставени се алуминиумски прозори и врати со термомост, а истите за стаклени со трослојно стакло од кое едното е и 4 сезонско што овозможува коефициентот на губење на топлина да е помал од единица. Ова овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период.

batri

Овој комплекс афирмира поинаков квалитет на работа и живеење, комбинирајќи го домувањето со атрактивните содржини на еден современ трговски центар.

Влезот за станарите е со посебни лифтови, а тие имаат директна комуникација со Трговскиот центар и со Фитнес центарот, со беспрекорно зачувувањето на дискретноста на домовите и приватноста на станарите.Три нивоа на подземниот паркинг-простор обезбедуваат места за повеќе од 450 возила: едно ниво е резервирано за станарите во „Капитол Резиденс“  и две нивоа на гаражата се достапни за посетителите на „Капитол Мол“.Комплексот има 24 часа обезбедување.

atri

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП