21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтор Глабален инвестициски самит на Македонија 2025

Втор Глабален инвестициски самит на Македонија 2025

Macedonia 2025

Македонија 2025 во октомври ќе организира нов Глобален инвестициски самит, кој ќе ќе биде насочен кон зајакнувањето на националната конкурентност со стимулирање на иновациите, претприемништвото и трансферот на стручното знаење.

Вториот Глобален инвестициски самит ќе се одржи од 3 до 6 октомври. Учесниците ќе дискутираат за клучни прашања поврзани со конкурентноста на Македонија,  како и за инфраструктурата и енергијата, технолошката подготвеност, развојот на финансискиот пазар и ефикасноста на пазарот на работниците. Самитот ќе прикаже успешни стратегии за лидерство, претприемништво и иновација кои се применливи на глобалните пазари, со цел да се зголеми квалитетот и конкурентноста на македонските производи и услуги.

Настанот и овој пат ќе собере на едно место високи државни претставници, светски бизнис лидери и потенцијални инвеститори во Македонија. Ќе понуди преглед на тековната економска и политичка рамка во контекстот на претпристапниот период на Македонија во ЕУ и ќе ги прикаже приоритетите за одржливи долгорочни инвестирања во инфраструктурата, транспортот и развојот на ICT инфраструктура, природните ресурси, енергијата и обновливата енергија, производството и истражувањето и развојот на човечки ресурси.

Самитот ќе понуди и серија на лидерски и мотивациски говори, работилници на темите иновација, претприемништво, истражување и технологија. За време на истиот ќе се одржат и билатерални средби помеѓу домашните компании и странските инвеститори, како и различни видови настани за поврзување и дружење.

Првиот Глобален инвестициски самит меѓу бизнис дијаспората и македонската бизнис заедница, Македонија 2025 го организираше минатата година во Охрид. На Самитот учествуваат повеќе од 350 странски и домашни бизнисмени и високи државни претставници. Дури 90 отсто од присутните  ја истакнаа важноста и потребата од одржување вакви годишни бизнис собири кои стимулираат динамичен економски развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП