6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо албанската и италијанската Влада го усвои предлог законот за ТАП

По албанската и италијанската Влада го усвои предлог законот за ТАП

trans-adriatic-pipeline

Советот на министри на Италија го усвои прелог законот за ратификација на договорот потпишан на 13 февруари во Атина меѓу Грција, Албанија и Италија за изградба на транс јадранскиот гасовод (ТАП), јави дописникот на МИА од Тирана.

Но, додека проектот е позитивно прифатен од италијанската Влада, тој нема поддршка од жителите на подрачјето каде што треба да минува гасоводот. Местото каде што стигнува гасоводот е индустриска зона, односно на крајбрежјето кај Сан Форца, туристички локалитет познат по производство на јужно овошје и заштитата на неколку специјални видови желки.

Жителите од оваа област формираа организација против ТАП зашто сметаат дека неговата изградба ќе влијае врз животната средина.

Проектот ТАП се предвидува да почне 2017 година.

Албанската Влада го усвои договорот на осми февруари. – Со овој историски договор, кого ќе го потпишат Албанија, Грција и Италија ќе се траспортира гас од Касписко Море во западна Европа. Вкупната инвестиција на големиот проект гасоводот ТАП, изнесува 41 милијарди долари а само на територијата на нашата земја е бидат инвестирани две милјарди долари. Овој проект ќе отвори нови 20.000 работни места, изјави Бериша на седница на албанската Влада при усвојувањето на договорот за ТАП.

Кон крајот на јануари Албанија, Грција и Италија во Атина го потпишаа меѓувладиниот договор за изградба на Трансјадрански гасовод (ТАП).

Проектираниот годишен обем на транспортирано сино гориво е 10-20 милијарди кубни метри. Трансјадранскиот гасовод е еден од главните конкуренти на проектот Набуко за пренос на гас од Азербејџан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП