29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите уништиле неколку тони од колачињата на Икеа

Кинезите уништиле неколку тони од колачињата на Икеа

kolaci1

Кинеските власти соопштија дека уништиле речиси два тона од чоколадните колачиња од увозот на шведската компанија Икеа.

Ова Кина го сторила бидејќи е откриено дека овие колачиња не ги исполнуваат стандардите за квалитет на храната.

Портпаролката на Икеа изјави дека колачите се уништени во ноември и декември, но дека главната канцеларија на компанијата дознала вчера. Во Шангај се уништени 1,872 килограми колачи од чоколади и бадеми кои биле увезени од Икеа, поради зголеменото ниво на колиформни бактерии.

Властите во Шнагај оваа недела ги наведоа имињата на десетината уништени производи, кои беа откриени во последната инспекција за квалитет, меѓу кои се најде и крем сирењето на произведувачот Крафт и 2,7 тони од чоколадите на Нестле.

Портпаролката на Икеа изјави дека компанијата во моментов ги испитува контраверзните колачиња кои се пуштени во продажба низ цлиот свет, со цел доколку најде неправилности веднаш да ги повлече од пазарот.

Инспекциите за контрола на квалитетот на храната во Кина во последните години се засилени поради серијата на скандали со фалсификувањето на брендови и лош квалитет на стока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП