3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏеј Зи купи еден од најголемите конкуренти на Spotify

Џеј Зи купи еден од најголемите конкуренти на Spotify

jay-z-44

Раперот Џеј Зи за 56 милиони долари ја купи компанијата која стои зад „WiMP“, која пак е еден од најголемите конкуренти на „Spotify“, информира „Financial Times“.

„WiMP“ е многу популарна во скандинавските земји. Таа е конкурент на „Spotify“ и нуди слична услуга за стриминг на музика. Компанијата која стои зад услугата, ја контролира и „Tidal“, нејзината норвешката верзија.

Компанијата „Project Panther Bidco“, сопственост на Џеј Зи, понудила 56 милиони долари за „Aspiro“, со седиште во Шведска, компанија која раководи со „WiMP“ и „Tidal“. Според „Reuters“, главниот акционер во „Aspiro“ веќе ја прифатил понудата на Џеј Зи, што практично значи одобрување на зделката.

Џеј Зи не е првиот рапер, кој се занимава со сајтови за стриминг. Доктор Дре е основач на „Beats Music“, компанијата за слушалки и стриминг на музика која „Apple“ ја купи за 3 милијарди долари во мај.

Стриминг услугите, како „WiMP“ и „Spotify“, доминираат на музичкиот пазар во Норвешка. Пиратеријата во земјата падна до рекордно ниско ниво, а музичката индустрија може да се заблагодари на легитимните веб-сајтови за стриминг преку споделување на датотеки. Според некои студии само 4% од Норвежаните на возраст под 30 година превземаат илегално од интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП