28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија е против ограничувањето на банкарските бонуси

Велика Британија е против ограничувањето на банкарските бонуси

boddualmond

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн во Брисел настојува да ги разубеди министрите на другите земји членки на ЕУ, да не ја прифатат усвоената препорака на европскиот Парламент, за ограничување на бонусите на банкарите.

Според оваа препорака, банкарските бонуси во иднина не смеат да бидат повисоки од 100 отсто од годишната плата на банкарите, или до најмногу 200 отсто од платата, доколку со тоа се согласи одборот на акционерите на банката.

Лондонскиот финансиси центар Сити, остро реагираше на ваквото решение на европратениците, означувајки го како штетно. Финансиските експерти во Лондон стравуваат дека поради тоа многу помлади експерти и банкари би можеле да си заминат од британскиот главен град, додека Сити би можел да ја загуби сегашната позиција на финансиски центар во светот.

Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон го нарече ова европско решение самоубиствено и против можноста за раст на економијата,додека Даунинг стрит 10 побара од ЕУ преиспитување на решението за ограничување на банкарските бонуси.

– Ние сме загрижени од можноста оваа мерка да биде прифатена од целата ЕУ и разговараме со нашите партнери за ова прашање, рече портпаролот на кабинетот на премиерот Дејвид Камерон.

Во Лондон се тврди дека покрај Велика Британија, протов лимитирање на бонусите се и Холандија, Шведска и Германија. Министерот за финансии на Ирска, Мајкл Нунан, изјави денеска дека мали се шансите на Британците да ги разубедат другите, особено што сите земји членки на еврозоната се согласуваат со ограничување на бонусите.

Проблем на Владата во Лондон е и референдумот во Швајцарија на кои големо мнозинство Швајцарци гласаа за лимитирање на бонусите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП