9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалени трошоците за изградба на индивидуален станбен објект

Намалени трошоците за изградба на индивидуален станбен објект

buildung-house

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвртото тримесечје од 2012 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2011 година, се пониски за 1,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со третото тримесечје од 2012 година, трошоците за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,5 отсто, за материјали пониски за 0,9, а за вработените се повисоки за 0,4 отсто.

Во споредба со четвртото тримесечје од 2011 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,1 отсто, за материјали се пониски за 2,7,  додека трошоците за вработените се повисоки за 2,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП