29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродлабочена кризата во приватниот сектор на еврозоната

Продлабочена кризата во приватниот сектор на еврозоната

ek1

Деловната активност на приватниот сектор вo еврозоната во февруари беше подобра од очекуваната, но и понатака укажува на продлабочување на економската криза, покажуваат објавените податоци.

Индексот за управување со набавката, кој го изрботува лондонската компанија Маркит, во февруари изнесува ревидирани 47,9 поени, што е повеќе во однос на почетната бројка од 47,3 поени, али значително помала во однос на онаа во јануари од 48,6 поени, и далеку од границата на 50 поени, пренесува Франс Прес.

„Најновите податоци покажуваат продлабочување на кризата во деловниот сектор, што е во спротивност со трендот на подобрување на активностите кои беа забележани во послените три месеци заклучно со јануари“, се наведува во соопштението.

Директорот на Меркит, Крис Вилијамсон, овие резултати ги нарече разочарувачки, и укажа дека економијата во еврозоната во првиот квартал може да потоне за 0,2 проценти, што е подобро во споредба со падот од 0,6 проценти од последниот квартал на 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП