19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна резиденција во Монтреал (фото)

Луксузна резиденција во Монтреал (фото)

kuc1

Дизајнерите на студиото „Thellend Fortin Architectes“ реновираа куќа во Монтреал, Канада која е изградена во 1960 година, при што го проширија нејзиното приземје и го збогатија нејзиниот изглед.

Двокатната куќа е сместена на стрмен рид од каде се пружа величествен поглед кон хоризонтот.

Доградбата во форма на лента е поставена странично во однос на оригиналната куќа, но при тоа е целосно вклопена во контурите на постојната стуктура.

Ентериерот на домот е во согласност со животниот простор во околината, со употреба на текструри и материјали во светли бои, кои придонесуваат за обезбедување на чувство на поголема пространост и осветленост на куќата.

Фасадата од бетонски плочи во темно сивата боја на антрацитот, се рефлктира во базенот, чие опкружување е бело.

Ваквата употреба на бои на минералните руди придонесува за совршено вклопување на куќата во околината богата со големи дрва, кои создаваат чувство на мирна оаза во срцето на Монтреал.

kuc2

kuc3

kuc4

kuc5

kuc6

kuc7

kuc8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП