21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC M9 ќе добие и Plus верзија

HTC M9 ќе добие и Plus верзија

HTC-One-M9-Hima2222

„HTC M9“ или „Hima“, како што познат новиот смартфон на компанијата, нема да биде единствениот уред кој ќе биде претставен на „Mobile World Congress“ во Барселона.

Паралелно со него можеби ќе биде откриен и моделот „M9 Plus“, а се чини дека покрај поголемата дијагонала на екранот, од овој уред можеме да очекуваме и дополнителни можности.

„HTC“, според гласините од декември минатата година, одлучи да се откаже од „UltraPixel“ технологијата во главната камера, па така „HTC M9“ во обичната верзија би требало да го има сензорот на „Sony“ од 20,7 мегапиксели.

Сепак моделот „M9 Plus“ ќе го има и системот „DuoCamera“ од две задни камери, познат од претходните генерации на уреди. Техничките детали поврзани со сензорите на моделот „M9 Plus“ засега не се познати.

Другата можност која би требало да ја има „M9 Plus“ (Hima Ultra) е читачот за отпечаток на прстот, овој пат сместен на главното копче на уредот од предната страна (за разлика од моделот „Max“ каде тој се наоѓа на задната страна). Тука е и „BoomSound“ системот и можноста уредот можеби со својата дијагонала да не биде значително поголем од обичниот модел „M9“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП