26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple забележа рекорден квартал меѓу сите компании!

Apple забележа рекорден квартал меѓу сите компании!

apple

„Apple“ влезе во историјата благодарение на финансиските резултати за последното тримесечје. Компанијата најави дека регистрирала профит во вредност 18.04 милијарди долари, што е најпрофитабилниот квартал во историјата на светскиот бизнис.

Досега рекордот го држеше руската компанија „Газпром“. Таа имаше остварено добивка во вредност од 16.2 милијарди долари за едно тримесечје.

Резултатот на „Apple“ го зазема првото место и е единствената технолошка компанија во топ 20. 15 од најпрофитабилните квартали во историјата беа постигнати од производители на нафта и гас. Останатите пет се различни успешни квартали на „Apple“.

Новиот рекорд на компанијата од Купертино значи дека остварила добивка во износ од 8.3 милиони долари на секој час, посочува специјализирани технолошки блог „TechCrunch“. Вкупните приходи на „Apple“ за овој период изнесуваат 74.6 милијарди долари.

За споредба „Apple“ наведува дека за истиот период од минатата година, забележала приходи во вредност од 57.6 милијарди долари и добивка во износ од 13.1 милијарди долари. Вкупно 65% од приходите доаѓаат од меѓународната продажба.

Силниот резултат се должи на рекордните продажби на „iPhone“ и „Mac“, како и на зголемена продажба во „App Store“. Само за последниот квартал „Apple“ има продадено 74.5 милиони „iPhone“ смартфони, што е за 46% повеќе во однос на една година порано.

Единствениот проблем за „Apple“ останува таблетот „iPad“. Тој забележа продажба на 21.4 милиони уреди, што е за 21% помалку на годишна основа.

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук објави дека продажбата на паметниот часовник „Apple Watch“ ќе започне во април годинава. Тој вели дека има многу високи очекувања од претставувањето на уредот на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП