18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Philips преполовен во 2014

Профитот на Philips преполовен во 2014

philips

Холандскиот гигант во областа на електрониката „Philips“, соопшти дека неговиот профит е намален за речиси две третини, обвинувајќи ги слабите резултати на кинескиот и рускиот пазар и неповолните девизни курсеви.

Минатогодишниот нето профит е намален на 411 милиони од 1,17 милијарди евра од 2013 година, а приходите истовремено се намалени за 2,7 проценти на 21,39 милијарди евра, наведува компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

„Philips“ во 2015 година очекува подобри резултати, но наведува дека е внимателен поради слабите макроекономски прогнози и очекувањата дека нестабилноста на некои пазари ќе потрае.

Холандскиот производител на електрични уреди за домаќинства во септември започна со одделување на секторот за производство на медицинска опрема и апарати за домаќинство од секторот за производство на производи за осветлување, што е драматичен чекор во работењето на 124 години старата компанија.

„Philips“ е основан во 1891 година и вработува околу 105.000 луѓе ширум светот. До одделување на секторите во компанијата дојде откако германскиот технолошки гигант „Siemens“ во 2013 година го одвои работењето на филијалите за производство на сијалици „Osram“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП