3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТ-Мобиле донираше дел од приходите од СМС за Нова година

Т-Мобиле донираше дел од приходите од СМС за Нова година

tm pet

Т-Мобиле Македонија донираше дел од приходите од СМС за Новогодишната ноќ. Со секоја испратена СМС граѓаните придонесоа за отворање на центри за ран детски развој. Овие центри се алтернатива за градинките во рурални и маргинализирани средини.

Отворањето на овие центри е дел од долгорочниот проект на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и УНИЦЕФ – „Првите 5 најважни на свет“.

tm pet1

Целта на партнерството на УНИЦЕФ и Фондацијата е да се подгине свеста за важноста на раната едукација и да се отворат што е можно повеќе центри низ Македонија, со цел децата кои доаѓаат од ранливи средини да добијат еднаква можност за рана едукација, како и нивните врсници кои посетуваат градинки.

Децата во првите 5 години од животот го достигнуваат својот најголем развој и токму затоа оние деца што посетуваат квалитетни предучилишни програми имаат подобар успех во училиште и воопшто во животот.

tm pet2

Досега преку партнерството на УНИЦЕФ и Фондацијата отворени се осум центри, а во текот на годината ќе се отворат уште толку.

Од средствата кои Т-Мобиле дополнително ги донираше бројот на центри ќе се зголеми за уште два.

tm pet3

Во акцијата може да се приклучат поединци и компании со донација на бројот 143 555.

Повеќе информации на: www.prvite5.mk

tm pet4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП