17 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо подготовка е нов смартфон кој ќе се бори за титулата „најтенок“!

Во подготовка е нов смартфон кој ќе се бори за титулата „најтенок“!

ivvi smart

Скоро секој ден во светот се појавува некој нов модел на смартфон, а за повеќето од нив е „виновен“ „Samsung“ кој нема намера да се откаже додека не произведе по еден модел за секој жител на Земјата.

Додека „Samsung“ води битка околу создавањето на нови модели, некои производители веќе некое време се натпреваруваат меѓу себе, но во друга катергорија – дебелината на смартфонот.

Истата започна значително да се намалува во однос на првите модели чија дебелина се мереше во сантиметри. Денешните модели имаат ослабнато на дури 4.75 милиметри. Тоа е димензијата на моментално најтенкиот смартфон на светот „X5 Max“, кој го произведува компанијата „ViVo“.

Но се чини дека титулата наскоро ќе ја превземе друг, затоа што во моментов е во подготовка на уште потенок модел, кој би требало да го претстави компанијата „Ivvi“ (Coolpad).

За жал во овој момент нема премногу познати податоци за самиот уред, туку само дека станува збор за модел кој ќе има дебелина од 4.7 милиметри, како и дијагонала на екранот од 4.7-инчи. Ќе биде интересно да се види колкав капацитет ќе има батеријата, која исто така ќе мора да се намали за да се загуби во дебелина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП