5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗатвор претворен во луксузен хотел

Затвор претворен во луксузен хотел

zatvor1

Речиси 150 години затворот „Het Arresthuis“ во Холандија бил еден од најлошите затвори во светот…

… а сега луѓето е потребно да издвојат огромна сума на пари за да поминат барем една ноќ на ова место. Имено, овој затвор сега е претворен во луксузен хотел, но задржани се некои од старите карактеристики. Така, просторот во кој престојувале 105 затвореници е претворен во хотел со 40 пространи соби, 24 стандардни и 12 екстра луксузни.

Сите соби се климатизирани, имаат плазма телевизори и апарати за чај и кафе. Хотелот поседува сауна и фитнес центар. Внарешноста е луксузно опемена, со квалитетни парчиња од дрво и висококвалитетни природни материјали. Затворот „Het Arresthuis“ е отворен 1862 година, тој за кратко време изградил репутација како језиво и многу опасно место. Откако бил затворен, повеќе години не бил користен, а потоа во 2002 година повторно бил отворен и во 2007 повторно затворен. Во 2009 затворот е претворен во прекрасен хотел.

Погледнете ги фотографиите од овој луксузен хотел…

zatvor2

zatvor3

zatvor4

zatvor5

zatvor6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП