17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро во продажба ќе се најде WhatSim

Наскоро во продажба ќе се најде WhatSim

sim whats

Откако стана достапен и на компјутерите, „WhatsApp“ претстави уште еден интересен новитет. Станува збор за „SIM“ картичката „WhatSim“, чија цел е користење на апликацијата „WhatsApp“ преку интернет на било кој мобилен оператор.

Преку оваа картичка корисникот може било каде во светот да се поврзе на „WhatsApp“ и да комуницира без ограничувања и без трошоци за роаминг. Цената на картичката е 10 евра, а кога станува збор за текстуалните пораки, дополнителни трошоци нема.

sim whats1

Тоа што дополнително се наплатува е испраќањето на фотографии и видеа. Мобилниот уред во кој ќе ја вметнете картичката автоматски ќе се поврзе со најсилниот сигнал, а ако исчезне, ќе биде пронајден сигнал на друг оператор.

WhatSim“ ја дистрибуира италијански „Zeromobile“ кој склучи договор со преку 400 оператори во 150 земји. Испораката на картичката ќе започне на 26-ти февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП