17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛош старт на првиот Tizen смартфон

Лош старт на првиот Tizen смартфон

tiz sams

Токму кога сите скоро загубивме надеж дека „Samsung Z1“ некогаш ќе пристигне, компанијата го претстави пред неколку недели. Судејќи според првите критики, неговиот старт можел да биде и подобар.

„Samsung“ се одлучи да го објави овој телефон на индискиот пазар, каде тој поради својата ниска цена би требало да ги импресионира купувачите. Меѓутоа, како што пристигнаа првите описи за уредот, стана јасно дека „Samsung Z1“ е далеку од тоа да биде хит на пазарот.

Во суштина, повеќето критичари се пожалија на недостатокот на апликации и на лошиот квалитет на камерата. Дури и со цена од 90 долари, корисниците можат да пронајдат евтин „Android“ телефон кој му парира дури и со подобри спецификации.

Reuters“ вели дека овој телефон сега се продава многу слабо, иако не беа соопштени точните бројки од продажбата. Аналитичарите велат дека за успехот на „Tizen“ телефонот потребно е многу повеќе од поволна цена.

Потсетуваме, подобро не мина ниту проектот „Android One“ на истиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП