10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазна за „Wegelin“ од 58 милиони долари

Казна за „Wegelin“ од 58 милиони долари

vegelin-banka

Американски суд ја казни приватната швајцарска банка „Wegelin“ со речиси 58 милиони долари, поради помош на богатите американски државјани да избегнат плаќање данок на американските власти.

На овој износ се додава и сума од 16,3 милиони долари, што веќе се запленети во процесот против најстарата швајцарска банка, основана во 1741 година.

Банката е обвинета за помагање на богатите Америакнци да избегнат даночни обврски. Во јануари пред судот во Њујорк, банката призна дека на своите сметки скрила вкупно 1,2 милијарди долари од даночни обврзници во САД.

„Wegelin“, чии активности надвор од САД ги презема „Raifaisen Group“, се изјасни во своето соопштение дека е задоволна од одлуката на судот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП