
SunWireless со задоволство објавува дека потпиша договор за партнерство со ТОТАЛ ТВ, најголемиот провајдер на сателитска телевизија во Република Македонија.


SunWireless со задоволство објавува дека потпиша договор за партнерство со ТОТАЛ ТВ, најголемиот провајдер на сателитска телевизија во Република Македонија.
Овој договор значи и проширување на соработката помеѓу SunWireless и United Group (чиј член е ТОТАЛ ТВ), водечката телекомуникациска групација во регионот, откако пред неколку месеци беше потпишан и договор за соработка со SBB, најголемиот оператор на дигитална и аналогна кабловска телевизија и широкопојасен интернет во Србија, исто така член на групацијата.
Отсега, корисниците на ТОТАЛ ТВ ќе имаат можност својата омилена сателитска телевизија да ја комбинираат со брз и стабилен интернет кој ќе биде овозможен од SunWireless и понуден во новиот ТОТАЛ МИКС пакет.
Корисниците на ТОТАЛ МИКС пакетот, покрај интернет за домашна употреба, ќе добијат можност да користат интернет сообраќај и во сите хотзони на SunWireless и UNIFI Wi-Fi мрежата низ Македонија, Србија, Словенија и БиХ на повеќе од 1800 локации.