28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот хотел Castell Son Claret (фото)

Луксузниот хотел Castell Son Claret (фото)

caca1

На шпанскиот остров Мајорка се наоѓа овој луксузен и раскошен хотел со 5 ѕвезди кој досега е нешто невидено, па дури и за овој регион.

„Castell Son Claret“ хотелот е кој ќе ги задоволи желбите и на најприбирливите лица.

Тој се наоѓа на територија која е опколена со овошни дрвја, цветови од јасмин и бергам. Во негов склоп спаѓаат и големи градини и базени кои се на располагање на гостите.

Во внатрешноста на овој прекрасен објект се наоѓаат 38 соби и апартмани со тераси и неверојатен поглед. Собите се одликуваат со смирувачки и луксузен дизајн – светли ѕидови и подови, спуштени плафони, дрвен мебел и природно осветлување.

Низ прозорците од секоја соба посетителите ќе бидат сведоци на магијата на природата и прекрасните погледи кои таа ги создава.

За љубителите на активниот одмор, хотелот е опкружен со терени за велосипеди и пешачки патеки.

По активностите, може да уживате во прекрасниот ресторан во кој има се што некогаш сте замислувале.

Погледнете како изгледа ова парче рај на земјата…

caca2

caca3

caca4

caca5

caca6

caca7

caca8

caca9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП