19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се ревидира банкарскиот систем на Кипар

Ќе се ревидира банкарскиот систем на Кипар

kipar1

Кипар ги прифати условите на Еврогрупата за извршување на независна ревизија на банкарскиот систем, за да се утврди како се применуваат реформите за борбата против перењето пари.

Тоа се наведува во резултатите од вчерашната средба на министрите за финансии на групата, на која се разгледуваше прашањето за укажување итна антикризна помош на Никозија. Досега Кипар се противеше за вклучување на независна компанија во ревизијата.

– Тоа е важен чекор напред за постигнување компромис за идната антикризна програма, изјави по средбата еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП