16 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКако рај на земјата - Montpelier Plantation & Beach Hotel (фото)

Како рај на земјата – Montpelier Plantation & Beach Hotel (фото)

rra1

Еден дел од Карибите има неколку хотели и ресторани кои во нивната срж имаат и дел од историјата, а еден од нив е „Montpelier Plantation & Beach Hotel“…

Карибите се често омилена дестинација на многу патници, а Невис Пик главно се споменува како најдобра дестинација во овој регион. Овој фантастичен имот кој се наоѓа во Невис Пик регионот е многу романтично место.

Романтичната атмосфера на ова место постои и поради фантастичниот поглед кој се протега се до морето, а опкружено е со бујни тропски градини. Овој хотел е изграден околу 18-тиот век, на стара плантажа за шеќерна трска, а тоа му дава доза на егзотичност и историски шарм, што го прави уште попривлечен.

Гостите можат да го изберат својот фаворит од 19 соби и апартмани, при што секоја има своја приватна вернада. Овој релативно мал број на соби и сокриената природа на овој хотел, го прават идеално место за оние кои едноставно сакаат да се опуштат и да уживаат во прекрасното опкружување и друштвото на саканото лице.

Тука е и прекрасниот спа центар, неколкуте префинети ресторани во кои можете да уживате во изборот на прекрасни вина и рум, како и приватните и мирни плажи кои се наоѓаат во непосредна близина…

rra2

rra3

rra4

rra5

rra6

rra7

rra8

rra9

rra10

rra11

rra12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП