Комерцијалната интернет друштвена мрежа „Facebook“, минатата година имаше индиректно влијание за отворање на 4.5 милиони работни места во целиот свет и остварување на дополнителни 227 милијарди долари приход, не сметајќи ги приходите на самата компанијата, покажа студијата на ревизорско-консултантската куќа „Deloitte“.
„Facebook“, која го нарача ова истражување, наведува дека оваа друштвена мрежа поттикнала за креирање и развој на бројни мали и големи компании, „start-up“ фирми и медиумски агенции, кои ја користат оваа друштвена мрежа како средство за работа, маркетинг и економски развој.
Земјата која најмногу профитираше од „Facebook“ е САД, а следи Европската Унија, каде минатата година најголемата социјална мрежа индиректно генерирала 783.000 работни места со 51 милијарда долари приходи.
Франција, која брои околу 28 милиони корисници на „Facebook“, е четвртата земја на која оваа друштвена мрежа има влијание на домашната економија, во САД, Велика Британија и Бразил.
Минатата година во Франција, индиректно благодарејќи на „Facebook“, отворени се околу 78.000 работни места и тоа најмногу во секторите на логистика и маркетинг.
Од „Facebook“ наведуваат дека резултатите од истражувањето на „Deloitte“ покажуваат дека оваа друштвена мрежа „вистинска причина за раст, способна да ја зголеми економската активност и нивото на вработеност“.
„Delloite“ пресмета дека, со 1.35 милијарди корисници, „Facebook“ би била втората најнаселена државата во светот, веднаш зад Кина.