11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд италијаните ќе учиме како да администрираме имот стекнат од криминална активност

Од италијаните ќе учиме како да администрираме имот стекнат од криминална активност

sapucca

„Италијанското, бугарското и балканското искуство во откривањето, одземањето и администрирањето на имот стекнат од криминална активност“ е тема на меѓународниот семинар, кој почнува денеска во Скопје.

Семинарот е дел од Проектот “Споделување алтернативи практики за користење на конфискувани кривични средства” (SAPUCCA ), финансиран од Генералниот директорат за слобода и безбедност – Програмата за спречување и Борбата против криминалот (2007-2013) – ISEC.

Форумот ќе го отвори Фабио Кристиани, амбасадор на Република Италија во Македонија. На семинарот ќе зборуваат претставници од италијанското и бугарското Министерство за внатрешни работи, како и домашни претставници од Агенцијата за управување со конфискуван имот.

SAPUCCA  е европски проект, чије цел е да се охрабрат, воспостават и развијат хоризонтални методи и алатки за дефинирање на стратегии за спречување и борба против организираниот криминал. Проектот се уште експериментира и преку моделот за истражувачка акција, партиципативен планирачки метод со цел да се зајакне преку вклучување на територијалната колективност за повторното користење на конфискуваниот имот.

SAPUCCA во рамките на проектот, се промовирани од страна на провинцијата Касерта (Caserta) од Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП