Оваа вила претставува интересен имот на Рејнолдс плантажите…
Дизајнирана е од Дон Бек, а изградена е во 1994 година, има интересен стил, архитектура и прекрасен поглед на езеро.
Целата структура на вилата не може да се види само од една точка, а до вилата се доаѓа по приватен пат за кој мора да имате посебна дозвола од сопственикот.
Материјалите кои се користени во изградба на оваа вила се различните видови на камен, кедар и борови, а одбрани се поради високиот квалитет и природната убавина.
Оваа вила има површина од 1.800 квадратни метри, има десет спални соби и девет бањи. Дневната соба има висок таван и масивни прозори, преку кои се овозможува поглед кон езерото.
Вилата е осмислена за големо семејство, така што секоја соба има своја приватна бања, уникатна декорација, камин и приватен балкон.