21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC ќе го претстави М9 на први март?

HTC ќе го претстави М9 на први март?

htc mtc

Тајванскиот производител на смартфони „HTC“ е на пат да го претстави својот најнов модел „M9“ на 1-ви март за време на мобилниот саем во Барселона.

Покани од компанијата за претставувањето на новиот смартфон на овој датум се веќе испратени до водечките светски медиуми. Моделот најверојатно ќе има дизајн сличен на оној на неговиот претходник, кој ужива исклучителна популарност меѓу корисниците и вклучува целосно алуминиумско куќиште.

Од „HTC“ ќе го преселат својот „бренд“ во однос на камерата – ултрапикселната технологија напред наместо назад. Задната камера се очекува да биде 20-мегапикселна, а предната камера ќе ја користи технологијата на „HTC“, која е особено погодена за „селфи“ фотографиите, особено во неповолна средина.

Моделот „M9“ се очекува да е со осумјадрен процесор на „Qualcomm Snapdragon 810“, а ќе ја вклучува аудио-технологијата „Dolby 5.1“, како и последната верзија на „HTC“ софтверот „Sense 7“ базиран на „Android“.

Според информациите, претставувањето на новиот смартфон на „HTC“ ќе биде придружено со првиот паметен часовник на компанијата, кој ќе располага со богат фитнес софтвер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП