20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Федерална Европа за излез од кризата“

„Федерална Европа за излез од кризата“

Belgium Europe Financial Crisis

Кризата во еврозоната и Европската унија се уште не е завршена, изјави поранешниот белгиски премиер Ги Верхофстат, проценувајки дека излезот е во создавањето на федерален модел во Унијата.

Тој, гостувајќи на форумот на Брукинг Институтот во Вашингтон, оцени дека крајот на кризата е претерано рано кажан, а како пример ја посочи Италија и кажа дека е доволно да се случат само едни неизвесни избори за пазарот да се разбранува.

„Кризата бара длабоко и структурно решение. Потребно е да се пристапи со федералниот модел, да се создаде вистинска влада наместо Европската комисија, како и дводомен парламент, наместо сегашниот еднодомен“, смета Верхофстат.

Поранешниот премиер на Белгија изјави дека, освен фискалната дисциплина, потребен е и економски раст и зголемување на производството за целосен излез од кризата која е во еврозоната.

„Покрај сето тоа, потребна е и солидарност. Даночните обврзници во Холандија или Германија мора да сфатат дека тие не и даваат на Грција, туку тоа го прават поради заедничката ЕУ и еврото. Во спротивно, ниту една од 27-те одделни земји нема да постои на картата од светот, нагласи Верхофстат.

Тој ги критикуваше политичарите од Европа, за кои рече дека се уште живеат во 19 век.

„Секоја држава сама не може ништо да направи. Ја имаме Кина, која е континент, цивилизација, Индија која е истото. Што би можела да направи некоја држава во Европа која е сама во споредба со нив“, нагласи белгискиот политичар.

Според неговите зборови, сегашниот Европски совет главно ги претставува интересите на одделни држави, а не на ЕУ како целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП