19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДва нови фаблети од Xiaomi

Два нови фаблети од Xiaomi

xiaomi-mi-note

Кинескиот поризводител на паметните телефони „Xiaomi“ претстави два нови фаблети.

Фаблетите се директна конкуренција на популарните модели „iPhone 6 Plus“ и „Galaxy Note 4“, а нивната цена ќе биде половина на споменатите.

Поевтиниот од двата фаблети – „Mi Note“, ќе стартува со цена од 2.299 јуани (371 долари) за верзијата со 16-гигабајтна меморија. Тој е со 5.7-инчен дисплеј, а ќе располага со 13 мегапикселна камера од „Sony“, како и 3 GB RAM меморија. Батеријата ќе е со 3.000 mAh. Моделот ќе биде со дебелина од 6.95 мм, или околу 1.05 мм помалку од дебелината на „iPhone 6 Plus“. Неговата тежина ќе е 161 грама, или за 11 грама полесен од моделот на „Apple“.

Моделот „Mi Note Pro“ ќе биде со повисока резолуција на екранот и побрз процесор од тој на основниот уред. Тој ќе има резолуција од 2К пиксели, како и заситеност од 515 точки по инч. Ќе располага со 64-битен процесор од „Snapdragon“, како и 64 GB внатрешна меморија. Неговата цена ќе биде 3.299 јуани (532 долари). Поскапата верзија ќе има процесор „Qualcomm Snapdragon 810“, 4GB RAM меморија.

Во однос на техничките карактеристики, двата нови фаблети не се одликуваат со посебен степен на иновативност, коментираат експертите. Во текот на изминатата недела компанијата заврши со прибирање на капитал во износ од 1.1 милијарди долари, што ја проценува со над 40 милијарди долари и ја прави најскапата приватна компанија во светот, надминувајќи го „Uber“.

Приходите на компанијата за изминатата година се зголемени за повеќе од двојно до речиси 12 милијарди долари, а профитот пред оданочување е зголемен со 135% во однос на претходната година. Компанијата има продадено над 61 милиони смартфони во изминатата година, или зголемување од над 227%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП