18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКрај на продажбата на Google Glass

Крај на продажбата на Google Glass

google-glass

По големата кампања и вистинската мала „револуција“ во технолошкиот свет „Google Glass“ паметните очила повеќе нема да се произведуваат во оваа форма, најавија од компанијата.

Како што пишува BBC, „Google Glass“ ќе продолжи да развива технолошки производи на тоа поле, но нарачките за „Google Glass“ кои на пазарот се присутни од 2013 година, од следната недела нема да ги прима.

BBC пишува дека новиот шеф на тимот „Glass“, Тони Фадел работи на нов формат на очила, бидејќи актуелниот формат е често критикуван поради високата цена (од 1.000 до 15.000 долари) и затоа што на корисниците им изгледаше смешно.

„Google Glass“ се опремени со процесор, камера, звучници, микрофон, GPS, Wi-Fi и Bluetooth радио, а најважниот дел е стаклената призма во која е сместен минијатурниот проектор кој создава слики на екранот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП