25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина најголем увозник на нафта

Кина најголем увозник на нафта

O

Кина стана најголемиот светски увозник на нафта, надминувајќи го САД, кој е на лидерската позиција од 1970 година, вели Фајненшл Тајмс.

Во декември 2012 година увозот на нафта во САД е намален на 5,98 милиони барели дневно, што е најниското ниво од 1992 година. Истовремено увозот на нафта во Кина е зголемен на 6,12 милиони барели дневно, а во јануари се зголеми на 6,3 милиони барели.

Според податоците за цела година, САД го задржа глобалното водство по узвоз на нафта, без оглед на намалувањето во 2012 година.

Во просек увозот на нафта во САД изнесува 7,14 милиони барели дневно.

Во Кина просечниот увоз на нафта во текот на минатата година бил 5,72 милиони барели.

Кина е еден од најголемите светски потрошувачи на енергија. Во 2010 година, според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, Кина се искачи на првото место во светот според потрошувачката на енергија, потиснувајќи го САД на второто место.

Во 2011 година Кина за прв пат ја надмина Јапонија и стана најголем светски увозник на јаглен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП