1 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕCuisinArt Golf Resort & Spa (фото)

CuisinArt Golf Resort & Spa (фото)

cucu1

Ви претставуваме уште еден прекрасен тропски резорт во кој можете да се опуштите во текот на зимските месеци – CuisinArt Golf Resort & Spa.

Овој резорт и спа хотел се протега на живописните брегови на Заливот Рандеву и е идеално место за незаборавен одмор. Гостите на располагање имаат 98 елегантни и добро опремени апартмани и соби, при што секој од нив нуди лесен пристап до прекрасната плажа и рестораните. Што се однесува до рестораните и храната, овој хотел има своја фарма, на која се одгледуваат голем број видови на овошје и зеленчук.

„Venus Spa“ кој е дел од овој резорт е сјајно место за опуштање каде гостите можат да уживаат во бројните терапии и масажи со ефект за подмладување, а на располагање се и финес активностите. За љубителите на голфот овде постои посебна посластица – Greg Norman – дизајнираниот голф терен кој е вреден 50 милиони долари.

Кога на сето ова ќе ја додадете убавината на регионот и интригантно културното наследство, она што го добивате е фантастична дестинација за одмор, која би требало задолжително да се најде на вашата листа за патување во 2015 година.

cucu2

cucu3

cucu4

cucu5

cucu6

cucu7

cucu8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП