За 500.000 долари месечно, ова е дефинитивно најскапиот стан за изнајмување во Њујорк…
Нормално, постои некој кој e подготвен да плати половина милион за изнајмување на овој стан секој месец.
Овој стан е нешто навистина посебно. Тој зазема цел кат во њујоршкиот елитен хотел „Pierre Hotel“, кој има совршен поглед на Central Park.
Има 445 квадратни метри, шест спални соби и шест бањи, вклучувајќи го и претседателскиот апартман. Што се однесува на погодностите кои ги содржи, тука е приватниот лифт, услугата од батлер и собарки, 24-часовна улсуга и употреба на Jaguar со приватен возач.
Лицето кое го изнајмува овој стан секако дека има вишок пари, но идентитеот не е откриен. Покрај изнајмувањето на овој стан мистериозниот станар изнајмува и дополнителни апартмани за своите гости, по цена од 150.000 долари месечно.