Јужнокорејската компанија „Samsung Electronics Co Ltd“ и предложила на канадската „BlackBerry Ltd“ да ја откупи контролата врз неа за износ кој достигнува 7.5 милијарди долари, објави „Reuters“.
Главната цел е да стигнат до патентите во нејзино портфолио, тврди извор за агенцијата, кој додава дека видел и документи од оваа бизнис операција. Двете компании од ноември имаат партнерство на високо ниво во областа на безбедноста.
Првичната понуда содржела премија од 38-60 проценти над цената со која во моментов се тргуваат акциите на „BlackBerry“.
Минатата недела веќе имало и состанокот меѓу извршните директори од двете компании, кои се договориле за потенцијалната трансакција. Станува збор за сума во рамките на 6-7.5 милијарди долари, вклучувајќи го и преземањето на долговите од околу 1.25 милијарди долари.
Во попладневните часови во текот на вчерашниот ден на берзата во Њујорк акциите на „BlackBerry“ поскапеа за речиси 30%.