5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПроблеми за GoPro! Apple патентираше нови камери!

Проблеми за GoPro! Apple патентираше нови камери!

Fetch

На „Apple“ неодамна му е одобрен патент за преносни видео камери, слични како моделите на „GoPro“, а особено е интересно или можеби бизарно, дека со објавата за одобрување на патентот, акциите на „GoPro“ забележаа пад од петнаесетина проценти.

Инвеститорите во „GoPro“, како да добиваат напади на паника во моментите кога се објавуваат патенти на различни компании. Иако овој пат станува збор за „Apple“, според зборовите на аналитичарите, ваквиот потег на инвеститорите нема апсолутно никаква смисла.

Apple“ (како и другите „IT“ компании) поседува неверојатен број на патенти за работи кои никогаш (ниту пак) го здогледале светлото на денот, а реакцијата е опишана како „крајно несериозна“.

Aналитичарот од компанијата „JMP Securities“, Алекс Гаун наведува дека е прерано воопшто да се помисли на тоа дека „Apple“ ќе открие нов производ во форма на видео камера.

Патентот на „Apple“ е поднесен во 2012-та година, а аналитичарите веруваат дека сега е вистинско време за купување на акции на „GoPro“, затоа што компанијата „остана лидер во оваа категорија на уреди“, без значајна конкуренција во скоро време.

Се шпекулира дека оваа компанија би можела наскоро да влезе во сегментот на безпилотни летала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП