24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа автоиндустријата и се закануваат 75.000 откази

На автоиндустријата и се закануваат 75.000 откази

avtoindustrija1

Околу 75.000 вработени во автоиндустријата во Западна Европа, во наредните 3-4 години би можеле да останат без работа, се наведува во студијата на консултантската куќа „Ролан Берже“.

„Причините за загрозувањето на работните места се намаленото производство на автомобили во Европа, подобрување на производствените капацитети надвор од западноевропската територија и се поголемото преместување на производството во земји каде што има евтина работна сила“, оцени аналитичарот на Ролан Берже, Маркис Бере.

Во студијата се наведува дека во автоиндустријата во овој дел од Европа во моментов од осум до десет проценти од вработените се вишок, а дека таа бројка за една година ќе се зголеми на 15 проценти, доколку работодавците не превземат адекватни мерки.

Вишокот на работна сила не се чувствува само во производствениот сектор, туку и во истражувачкиот, развојниот и административниот, се додава во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП