23 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот часовник во светот (фото)

Најскапиот часовник во светот (фото)

Chopard-201-Carat-2

Вкупно 874 дијаманти со различна гoлемина, боја и тежина се наоѓаат на најскапиот часовник во светот. Станува збор за ремек делото „Chopard 201-carat“, чија вредност се проценува на вртоглави 25 милиони долари.

Доминантна улога во изгледот на овој часовник имаат 15-каратниот розев дијамант, 12-каратниот син дијамант и 11-каратниот бел дијамант. Севкупната тежина на дијамантите на овој часовник, како што и самиот назив покажува, е 201 карат.

Во изработката на „Chopard 201-carat“ часовникот користени се и бело и жолто злато. Самиот часовник се наоѓа под трите дијаманти во облик на срце, кои се отворааат како цвет на сокриеното копче, со цел декорацијата да биде уште понагласена.

0011

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП