
Германски „Volkswagen“ минатата година оствари силни продажни резултати, продавајќи повеќе од 10 милиони возила.


Германски „Volkswagen“ минатата година оствари силни продажни резултати, продавајќи повеќе од 10 милиони возила.
Овој најголем европски производител на автомобили објави дека во 2014-та година има продадено 10.14 милиони возила, што е зголемување за 4.2 проценти во однос на претходната година.
Во соопштението пред годинешниот авто-саем во Детроит, извршниот директор на „Volkswagen“, Мартин Винтеркорн, истакна дека ваквите резултати се остварени и покрај предизвикувачките услови на пазарите.
Продажбата во последните 12 месеци делумно беше поттикната со одличните резултати на луксузните марки на „Volkswagen“, „Audi“ и „Porsche“, како и со растот на чешката линија на автомобили „Škoda“.
Компанијата има за цел во рок од три години да стане најголем производител на автомобили во светот, сметано според продажбата. Во 2013-та година, „Volkswagen“ го претекна американски „General Motors“ и стана вториот најголем производител на возила зад „Toyotа“. Во компанијата се надеваат дека јапонскиот ривал ќе го надминат до 2018-та година.