29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple забележа нов светски рекорд

Apple забележа нов светски рекорд

app-store-640

Американската компанија Apple во првата недела од јануари забележа нов светски рекорд.

Имено, корисниците потрошиле околу половина милијарда долари на купување на апликации или додатоци за апликации за оперативниот систем iOS.

Не навлегувајќи во деталите, компанијата истакна дека дочекот на новата година бил историски ден за продажбата во нивната продавница за апликации App Store.

App Store има повеќе од 1,4 милиони апликации за уредите „iPhone“, „iPad“ и „iPod Touch“ меѓу кои повеќе од 750.000 се оптимизирани за „iPad“.

Во 2014 година програмерите заработиле повеќе од 10 милијарди долари, благодарение на продавницата App Store, со продажбата која е зголемена за 50 проценти за една година.

Apple заработува 30 проценти од приходите од продажбата на апликации, од кои 70 процени доаѓаат од програмерите надвор од САД на кои компанијата им го зголеми годишниот трошок за членство.

Компанијата во моментов има 380.000 зачленети лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП