7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали дополнителната секунда ќе го урне Интернетот во 2015-та година?

Дали дополнителната секунда ќе го урне Интернетот во 2015-та година?

sekundi 23

Во јуни научниците на времето ќе додадат точно една секунда, но таа навидум незабележлива промена би можела да предизвика хаварија кај компјутерите и мрежите ширум светот!

Последен пат кога беше додадена една секунда на часовниците во јуни 2012-та, интернет страните како „LinkedIn“, „Reddit“ и „Yelp“ имаа привремени прекини.

Иако тоа не делува како голем проблем, тогаш престана со работа и големиот систем за резервација на летови, поради што дојде до вистински хаос во авио-сообраќајот во Австралија.

Проблемот е во тоа што многу компјутерски системи неможат да препознаат „две исти секунди во низа“.

Нормално, „Google“ има решение и за тоа. Технолошкиот гигант ја има технологијата „leap smear“, што значи дека повеќе милисекунди постепено се додаваат во текот на денот, па транзицијата ќе биде незабележлива.

Како што беше објавено во понеделникот, секундата се додава поради ротацијата на Земјата, која варира во зависност од годишното време.

Како што објаснува пензионираниот професор по природни и применети науки на Универзитетот во Винсконсин, Стивен Дач, големите земјотреси, на пример, можат да ја забрзаат ротацијата на Земјата, а некои други појави можат да ја забават.

Додавањето на секунда во прецизното сметање на времето се случило 25 пати досега од 1972-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП