21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWindows Phone 10 - На 21-ви јануари пристигнува и ново име

Windows Phone 10 – На 21-ви јануари пристигнува и ново име

phone 10 win

На манифестацијата која ќе се одржи на 21-ви јануари, фокусот ќе биде насочен кон потрошувачкото искуство во „Windows 10“, а веројатно ќе ни донесе и вести кои одат надвор од десктоп платформата, а најновите информации говорат дека „Microsoft“ е подготвен да го претстави и „Windows Phone 10“.

Големата вест овој пат не откривањето на „Windows Phone 10“ оперативниот систем, затоа што знаеме дека „Microsoft“ работи на таков проект, но новитет ќе биде името кое компанијата го избра за овој оперативен систем.

Веќе постојат некои информации во врска со ова прашање, па неофицијалните информации ни говорат дека наместо „Windows Phone“ името би можеле да видиме едноставно „Windows“.

И додека ваквото име ќе предизвика само поголема конфузија меѓу корисниците, излегува дека постои и резервен план.

„Windows Mobile“ би можело да биде името кое „Microsoft“ ќе го користи со цел неговиот проект да биде поуспешен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП